02.11.2022 Скопје
На денешната 98-ма седница, Владата на Република Северна Македонија го усвои Предлог Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, предложен од Министерството за финансии.
Буџетот на расходната страна е предвидено да изнесува 5,3 милијарди евра, приходите е предвидено дека ќе бидат 4,6 милијарди евра, а дефицитот околу 700 милиони евра. Сегашниот ребалансиран буџет е 4,7 милијарди евра на расходната страна.
Минатиот месец, министерот за финансии Фатмир Бесими најави дека буџетскиот дефицит ќе продолжи да се стеснува и со новиот буџет за 2023 година, со што се оди со постепена фискална консолидација. Воедно, посочи дека догодина доспеваат и стари обврски во износ од 800 милиони евра, меѓу кои и еврообврзницата од 450 милиони евра издадена од 2016 година. Каматите за наредната година изнесуваат околу 240 милиони евра, или вкупно доспеаниот долг заедно со каматите надминува милијарда евра.
Подготвено од А.Ѓ.