17.11.2022 Скопје
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз во третото тримесечје од 2022 година изнесува 10.395 илјади и во однос на истиот период лани е зголемен за 7,1 %.
Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 7,6 %, во приградскиот превоз за 5,6 %, во меѓуградскиот превоз за 5,5 %, а во меѓународниот превоз за 45,3 %.
Во третото тримесечје од 2022 година, во однос на истиот период од 2021, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 19,7 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 6,7 %, во приградскиот превоз за 1,6 %, во меѓуградскиот превоз е намален за 3,4 %, а во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 41,1 %.
Подготвено од А.Ѓ.