https://www.facebook.com/photo.php?fbid=727162212096949&set=pb.100044095313280.-2207520000.&type=3

28.11.2022 Скопје

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во пресрет на 110 годишница од независноста на Албанија од Отоманското царство ѝ врачи албанско државјанство на дваесет и седум годишната музичка ѕвезда со албанско потекло и една од најбараните изведувачи на денешницата, Дуа Липа.

Дуа Липа е родена на 22 август 1995 година во Лондон, Обединетото Кралство, во семејство на албански родители од Косово кои ја напуштиле Приштина во 1990-тите години. Таа делумно се школувала во уметничкото училиште „Силвија Јанг“, пред повторно да се пресели во Косово со своето семејство во 2008 година.

По кратко време, односно на свои 15 години повторно се вратила во Лондон со цел да стане пејачка, кога брзо потоа започнала да работи како модел. Во 2013 година, Дуа Липа глумела во ТВ реклама за британскиот „Икс фактор“.

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај истакнал дека пејачката има огромна заслуга за ширењето на сликата за албанскиот народ на меѓународно ниво преку музиката, и смета дека доделувањето на државјанство на уметница како Липа е чест бидејќи ги прославила Албанците низ светот.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *