25.11.2022 Скопје
Оливер Вархеји, европскиот комесар за проширување и соседска политика, потврди дека Босна и Херцеговина следниот месец може да добие кандидатски статус за членство во ЕУ.
Вархеји на прес-конференција во Барселона, каде што се одржува Форумот на 43 земји на Унијата за Медитеранот, истакна дека во рамките на Европската комисија ги имаат удвоено напорите да ги стават на маса предлозите за проширување и оваа година веќе имаат дадено кандидатски статус на Украина, Молдавија и Грузија и верува дека оваа година ќе имаат уште една позитивна одлука за Босна и Херцеговина.
Вархеји наведе дека со тоа даваат „нов живот на проширувањето“, но истакна дека проширувањето е процес кој бара многу.
Последна земја што стана членка на ЕУ беше Хрватска во 2013 година.
Подготвено од А.Ѓ.