21.11.2022 Скопје
Главниот дипломат на блокот Жозеп Борел истакна дека ЕУ мора да избегне создавање на нови „зависности“ и да понуди алтернатива на земјите-партнери додека го преобликува својот дипломатски пристап по руската инвазија на Украина.
За тоа дали гледа ризик Европејците да ги повторат своите грешки со Русија и со Кина, Борел потенцира дека не сакаат да заменуваат други партнерства и секако не се заинтересирани за создавање на нови „зависности“. Воедно, истакна дека мора да се престане со концентрирање на испораките на суровини и стоки на еден единствен снабдувач, и токму ова е лекцијата што тој смета дека е научена од оваа гасна криза.
Борел за Евроактив изјави дека секогаш ќе има зависности, и не можат да се движат од еден ден во друг, од отворени кон затворени пазари, но им е потребен избалансиран пристап, додавајќи дека треба да се научат како да се прилагодуваат. Исто така, истакна дека она што треба да се гледа е колку брзо Европа се прилагодува и колку брзо е придвижена од 40% на 7% зависност од рускиот гас, признавајќи дека ова е можно и поради тоа што некои земји трошат помалку поради ковид-карантините, како Кина.
На маргините на министерскиот состанок ЕУ – Централна Азија во Самарканд, Узбекистан, Борел изјави дека централните Азијци сакаат да имаат односи со Европа кои би можеле да ги балансираат другите играчи, но ако не се направи ништо, сигурно другите ќе имаат поголемо влијание од нив.
Долго време сметана за дел од руската сфера на влијание, војната во Украина поттикна промена на ставот меѓу владите на Централна Азија, при што тие суптилно се дистанцираа од Москва и ги натераа да бараат соработка на друго место.
Борел објасни дека пред една година биле поканети на самитот за поврзување на Југоисточна Азија со руски и кинески колеги, кои биле изненадени од тоа што ЕУ е таму, но овонеделната конференција во Самарканд била само меѓу нив, што е политички сигнал дека ЕУ и Централна Азија сакаат да работат заедно на прашањата за поврзување.
Сепак, Борел призна дека за повеќето од централноазиските партнери, тоа е многу деликатна ситуација, заснована на економски, културни, политички и демографски врски со Русија, но и дека тие ја бранеле идејата за територијален интегритет и зборуваат против нивната територија што се користи за заобиколување на Западните санкции.
За тоа дали ЕУ ја смета за поатрактивен партнер во Централна Азија и пошироко, Борел истакна дека новата стратегија за поврзување на ЕУ, наречена Глобална порта, е „наш начин да покажеме политичко присуство и амбиција“. Воедно, додаде дека доколку ЕУ сака да постои во политичка смисла, мора да направи нешто, затоа ја воведуваат Глобалната порта како менувач на играта за секој што е заинтересиран.
Според Борел, глобалниот портал можеби не звучи премногу добро, а Кинезите ефикасно ја продаваат својата иницијатива „Појас и пат“, која ја започнаа пред многу години во споредба со ЕУ, затоа мораат да се ангажираат повеќе.
Сепак, иницијативата од 300 милијарди евра беше критикувана поради тоа што не стави доволно финансиска огнена моќ на маса за да се спротивстави на Кинеската иницијатива „Појас и пат“.
Според Борел, „не се работи само за „добри“ или „лоши“ партнери“. Борел објасни дека кога дојде Ковид-19, сите сфативме дека парацетамолот беше произведен во Индија, кој е сигурен снабдувач во нормални услови, но стана несигурен снабдувач во криза и токму ова, според Борел е причината зоштно на ЕУ и е потребна диверзификација, повеќе партнерства и кутија со алатки со цел да се осигура дека во иднина новите зависности и новите потреби ќе бидат задоволени на посигурен начин.
За рускиот гас, Борел истакна дека зависноста на ЕУ од рускиот гас, на почетокот, исто така беше продадена како прагматизам, игнорирајќи кој е Путин, што прави и во корист на евтиниот гас, „па да не бидеме многу прагматични“.
Запрашан за тоа дали мисли дека односот на ЕУ со моќта е променет, Борел рече дека блокот „не може да се преправа дека се однесува како држава“, а нејзината дипломатија е „крпеница од 27 земји-членки“. Но, како што истакна можат да направат многу користејќи го нивниот капацитет на убедување и мораат, потенцирајќи дека моќта не е само воена моќ. Воедно, објасни дека ЕУ има влијание и тоа влијание треба да се користи на повеќе трансакциски начини, тоа не доаѓа без конци.
Борел истакна дека ЕУ не е невладина организација, имаат одреден политички начин на размислување, кој не може да се наметне затоа што тогаш ризикуваат реакција на отфрлање на светот во подем.
Во врска со дијалогот меѓу Косово и Србија олеснет од ЕУ, Борел истакна дека тие не се посредник, не се судија, тие се многу повеќе од тоа затоа што и двете земји сакаат да станат членки на ЕУ, а ЕУ има одредено капацитет за потпора.
Главниот дипломат на ЕУ истакна дека во исто време, малку по малку ја губат Африка, што покажува дека тактиката не им била добра, додавајќи дека мора да се искористат сите алатки што ги поседува ЕУ, а најважната секако се економските односи, и да ги користат на повеќе трансакциски начини. Воедно, додаде дека не можат да си дозволуваат трговски договори да чекаат со години, потенцирајќи дека кога се мисли на Латинска Америка, Кинезите можат да склучат трговски договор за шест месеци, додека на ЕУ и се потребни три или повеќе години за да го разтификува.
Во исто време, брзото влошување на ситуацијата во Авганистан беше повик за будење за европското управување со кризи, но се чини дека земјите-членки на ЕУ го изгубија интересот за земјата, додека земјите од Централна Азија и понатаму се загрижени.
За тоа дали Европа ја споделува одговорноста што ја вети минатата година, Борел истакна дека единственото нешто што го имаат во моментов е политичкото и дипломатското убедување, но во моментов не е јасно каде тоа ќе доведе, истакнувајќи дека јасно велат дека нема врска со Талибанците, но продолжуваат да го поддржуваат народот на Авганистан, со 400 милиони евра од падот на Кабул.
Многу од владите, особено оние од Централна Азија, притискаат кон нормализација на односите со новиот режим во Кабул.
Подготвено од А.Ѓ.