03.11.2022 Скопје
Жозеп Борел, висок претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, изјави дека договорите постигнати во дијалогот меѓу Белград и Приштина мора да се почитуваат.
Борел на Твитер напиша дека се неприфатливи вознемирувачките дејствија, како палење автомобили, истакнувајќи дека договорите во дијалогот мора да се почитуваат и ги повикува сите да дејствуваат воздржано.
Високиот претставник Борел ова го соопшти по разговорот со премиерот на Косово, Албин Курти. Воедно, додаде дека со Курти разговарал и за можностите за напредок во нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина.
Борел и Курти се сретнаа пред самитот на Берлинскиот процес во главниот град на Германија, на кој присуствува и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.
Подготвено од А.Ѓ.