https://www.facebook.com/photo/?fbid=539472391510840&set=pcb.539472638177482

19.11.2022 Скопје

Македонскиот боречки клуб „Балканец“ Штип успеа да се закити со четири медали на меѓународниот турнир „Куп Самоков“ во Самоков, Бугарија.

Кај пионерите 2008-2009 во грчко-римски стил, Леон Манов (35 кг.) го освои златниот медал.

Во женска конкуренција, кај кадетките 2006-2007, Марија Цветанова (57 кг.) беше второпласирана.

Потоа, до среброто дојде и Мелани Митевска во категоријата 61 кг., додека бронза има Анабела Данилова (61 кг.).

Ова е само продолжување на успесите на клубот, претходно овој месец освои и пет медали на меѓународниот турнир „Легендите на Спартак“ во Кочани.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author