17.11.2022 Скопје

Предлогот за либерализација на визите на Косово од страна на Чешка, денес истекува, и најмалку две членки спречиле предлогот да добие зелено светло на работната група на ЕУ.

На дадениот предлог, приговор поднела Шпанија, додека неколку други земји побарале дополнителни објаснувања.

Предлогот на Чешка, земјата која во моментов претседава со ЕУ, беше стапувањето на сила на визната либерализација за Приштина, за да се поврзе со операционализација на системот за патувања ЕТИАС.

Дипломатски извори велат дека моменталната ситуација не значи дека чешкиот предлог нема да помине во иднина, и дека сега се очекува чешкото претседателство на билатерални состаноци со земјите кои ги поднеле забелешките, да разјаснат некои технички прашања.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *