https://www.facebook.com/photo.php?fbid=662110118835471&set=pb.100051094670379.-2207520000.&type=3

02.11.2022 Скопје

Германија ја повика Србија да донесе конечна одлука за избор меѓу Европската Унија и Русија, бидејќи биле изненадени и разочарани од фактот дека Србија ја продолжила економската соработка со Русија.

Берлин е подготвен да му помогне на српскиот претседател Александар Вучиќ доколку тој го продолжи својот курс кон евроинтеграциите, но ако направи поинаков избор, Србија треба да очекува и соодветни последици.

Србија е една од ретките земји која не се приклучи на санкциите против Русија, иако имаше закани дека ЕУ може да ги врати визите за српските граѓани, но и да ги замрзне преговорите за членство на земјата, и претседателот Вучиќ неодамна изјави дека ќе биде многу тешко доколку не воведе санкции против Русија.

Подготвено од М.Н.

About Author