20.11.2022 Скопје
Официјалниот сајт на Француската фудбалска федерација објави дека напаѓачот Карим Бензема ќе го пропушти Светското првенство во 2022 година.
На 34-годишниот Французин му била констатирана повреда на квадрицепсниот мускул на левата надколеница, што нема да му дозволи на играчот да учествува на Светското првенство во 2022 година.
Отсуството на најдобриот фудбалер за оваа година е голем хендикеп за „триколорите“ кои пред Мундијалот се помеѓу топ фаворитите за освојување на трофејот.
Франција во групата Д ќе игра против Австралија (22 ноември), Данска (26 ноември) и Тунис (30 ноември).
Подготвено од А.Ѓ.