https://www.flickr.com/photos/worldbank/16953090889

01.11.2022 Скопје

Берглјот Баркбу, шефицата на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во земјава, оцени дека инфлацијата ќе се смири и посочи дека притисокот на глобалните цени на енергијата и храната веќе се намалува, а се очекува и понатамошно намалување.

Сепак, инфлацијата е се уште висока и веројатно ќе има потреба од натамошно затегнување на монетарната политика.

Шефицата на Мисијата на ММФ изјави дека зголемувањето на инфлацијата е светски феномен, ги одразува високите цени на енергијата и храната, исто така одразува и некои подолготрајни логистички нарушувања од пандемијата, истакнувајќи дека тоа е особено присутно во земјите како Република Северна Македонија, бидејќи храната и енергијата заземаат голем дел од потрошувачката кошничка и затоа инфлацијата е висока.

Во поглед на политиките за справување со кризата, според Баркбу треба да се стави фокус на две области, едната е да се биде одговорен при јавните трошоци, зголемувањето на платите, пензиите и минималната плата, а втората е дека Народната банка веќе започна со затегнување на монетарната политика.

Се очекува инфлацијата да започне да се намалува веќе од следната година, а на среден рок да се сведе на околу два процента.

Баркбу истакна дека во ситуација на големи глобални ризици, помага тоа што земјава го има ПЛЛ аранжманот со ММФ, кој обезбедува добра заштита.

Во однос на банкарскиот систем, Баркбу оцени дека банкарскиот систем се држи добро, нефункционалните кредити се со ниски стапки и банките ги имаат потребните бафери за да се справат со ефектот на шоковите.

Меѓународниот монетарен фонд очекува растот во Република Северна Македонија да остане солиден, односно согласно основното сценарио се очекува да изнесува 2,9 проценти следната година и потоа постепено да се зголемува на среден рок.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author