https://www.facebook.com/joebiden/photos/pb.100077835098866.-2207520000../10158408843486104/?type=3

01.11.2022 Скопје

Претседателот на Америка, Џо Бајден, ги критикуваше големите нафтени компании за огромните профити додека Американците, уморни од инфлациите, плаќаат огромни сметки за гориво и енергенси.

Бајден ги повика нафтените и гасните компании да ги искористат своите рекордни добивки и да ги намалат трошоците за населението во Америка, и се закани доколку не ја намалат цената на овие реагенси ќе воведе специјални даноци на екстра профитот на компаниите, бидејќи тоа што го прават над населението во Америка е воено профитерство.

Претседателот на Америка, Џо Бајден, оваа закана ја упати само една недела пред изборите на кои Американците ќе треба донесат одлука дали неговите демократи ќе ја задржат контролата над американскиот конгрес.

Подготвено од М.Н.

About Author