https://www.facebook.com/photo/?fbid=626517456141888&set=a.356649399795363

16.11.2022 Скопје

Американскиот претседател Џо Бајден изјави, дека според првични резултати можно е проектилите во Полска, кои експлодираа близу границата со Украина при што загинаа две лица, да не се истрелани од Русија.

Бајден истакна дека не сака ништо дефинитивно да каже се додека не се изврши целосна истрага околу случајот, иако првично поради траекторијата на проектилите веројатноста укажува дека можно е да се истрелани од Русија, но сепак остава простор да види што ќе донесе конечната истрага.

Бајден додаде дека Русија со своето непредвидено дејствување додатно ја влошува ситуацијата во Украина.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, се наоѓа на Бали во Индонезија на самитот Г-20 и пред да излезе со изјава одржа итен состанок со останатите лидери од групата Г7, односно Велика Британија, Германија, Канада, Италија, Франција и Јапонија а на состанокот биле присутни и лидерите на Холандија и Шпанија.

Подготвено од М.Н.

About Author