18.11.2022 Скопје
По освојувањето на мнозинство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес на изборите кои се одржаа на половина мандат, Републиканците изјавија дека ќе отворат истрага за да го утврдат степенот на вмешаност на претседателот на САД, Џо Бајден во работите на неговиот син Хантер Бајден.
Републиканците тврдат дека веќе имаат обезбедено доволно докази, во кои очигледно е дека членови на семејството на Бајден вршеле електронски измами, го прекршувале законот за регистрација на странски агенти, перење на пари и затајување на даноци.
Зделките на Бајден со странство ќе бидат ставени во централниот фокус на новиот Конгрес, истакна Џим Џордан, за кого се очекува да стане претседавач на Правосудниот одбор на Претставничкиот дом.
Како дел од истрагата, републиканците истакнаа дека имаат докази за кредитните картички и банкарските сметки на Џо Бајден и неговиот син Хантер, сметките биле измешани, а можеби и заеднички, што укажува на сомнителни или незаконски активности, и напоменаа дека бизнис соработници на Хантер Бајден се сретнувале со неговиот татко во бројни прилики додека Бајден бил потпретседател или претседател.
Републиканците наведоа дека деловните активности и злоупотребата на наркотици на Хантер Бајден, се добро познати, а претседателот немасто да се погрижи за неговата состојба, тој стоел на страна и изјавувал дека е „горд на својот син“.
Според докази исто така наведуваат дека, американски адвокат во Делавер подготвува обвиненија против Хантер Бајден, на кого федерални истражители му предочиле докази дека Бајден извршил затајување на данок и лажел за консумирање дрога на образец кој го пополнил при купување огнено оружје.
Подготвено од М.Н.