https://www.flickr.com/photos/aicgs/47209264661/

02.11.2022 Скопје

Аналена Баербок, германската министерка за надворешни работи, бара понаметлива нова кинеска стратегија, натрупувајќи притисок врз канцеларот Олаф Шолц пред неговата посета на Пекинг оваа недела.

Германската министерка за надворешни работи изјави дека во моментов е од клучно значење во Кина да се разјаснат пораките што ги имаат поставено заедно во коалицискиот договор и дека имаат јасно кажано во коалицискиот договор дека Кина е нивни партнер за глобални прашања, дека не можат да се разединат во глобализираниот свет, но дека Кина е исто така конкурент и сè повеќе системски ривал. Воедно, додаде дека нивната политика за Кина ќе ја засноваат на ова стратешко разбирање и исто така ќе ја усогласат нивната соработка со другите региони во светот.

Нејзините коментари го одразуваат триењето во коалицијата, по минатонеделната одлука на владата да ја овласти кинеската компанија „Коско“ да купи удел во еден од пристанишните терминали во Хамбург.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author