26.11.2022 Скопје
Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев изјави дека неговата земја не сака Франција да учествува во мировните преговори со Ерменија, одложувајќи го состанокот договорен за 7 декември во Брисел со Емануел Макрон и шефот на Европскиот совет Шарл Мишел.
Алиев го обвини францускиот претседател Макрон дека зазел непријателски став кон неговата земја, порачувајќи дека со таков став Франција не може да биде дел од мировниот процес меѓу Азербејџан и Ерменија.
Меѓу двете поранешни советски републики поради повеќедеценискиот спор околу енклавата Нагорно Карабах, која е меѓународно призната како дел од Азербејџан, но е населена и под контрола на етничките Ерменци кои имаат поддршка од Ереван, повторно дојде до конфликт.
Ерменија го обвинува Азербејџан дека зазел територија во границите на енклавата. Прекин на огнот беше договорен на крајот на септември, а минатиот месец двете страни во Прага се согласија на границата да се воспостави цивилна мисија на Европската Унија.
Алиев сега го обвинува ерменскиот премиер Никол Пашинјан, дека се обидува да ја поткопа следната фаза од преговорите туркајќи го Макрон за посредник, и исто така ги отфрла обвинувањата, дека Ереван сака да ги осуети мировните преговори, наведувајќи дека тоа тврдење нема никаква врска со реалноста.
Подготвено од М.Н.