25.11.2022 Скопје
Мултинационалниот автомобилски гигант Стелантис донесе заклучок дека во моментов не може да произведува електрични возила по пристапни цени на територијата на Европа и бара поевтини производствени локации, како што е Индија.
Извршниот директор Карлос Таварес изјави дека, доколку Индија со својата база на евтини добавувачи ги исполни целите за квалитет и трошоци на Стелантис до крајот на следната година, може да ја отвори вратата за извоз на електрични возила на други пазари.
Стелантис инвестира многу во електрични возила и во план е да произведе десетици модели во следните десет години, но извршниот директор Таварес, во октомври предупреди дека ќе бидат потребни уште пет до шест години за да се произведат достапни електрични возила на батерии бидејќи не постои проблем технологијата, но проблемот со цената е многу голем.
Подготвено од М.Н.