https://www.facebook.com/photo.php?fbid=676758774037272&set=pb.100051094670379.-2207520000.&type=3

17.11.2022 Скопје

Во текот на вчерашниот ден, лидерите на Србија, Унгарија и Австрија потпишаа Меморандум за разбирање за потиснување на илегалните мигранти од надворешните граници на ЕУ.

Меморандумот за разбирање за потиснување на илегалните мигранти од надворешните граници на ЕУ беше потпишан во Белград, кога српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан и австрискиот канцелар Карл Нехамер.

Австрискиот канцелар Карл Нехамер сака да ги спречи барателите на азил да ги избираат земјите во кои аплицираат за азил и за таа цел формира сојуз со Србија и Унгарија. Нехамер истакна дека системот за азил на ЕУ пропадна, додавајќи дека азилот „a la carte“ ќе мора да заврши, а „азилантскиот туризам“ ќе треба да се запре.

Меморандумот за разбирање меѓу Србија, Унгарија и Австрија треба да ја зајакне соработката меѓу трите земји, а целта е борба против илегалната миграција, тероризмот и организираниот криминал додека јасно се одвојуваат азиолот и миграцијата.

Бројот на австриските баратели на азил е тројно поголем од минатата година. Австриската конзервативна партија ÖVP се обидува да се позиционира како „јастреб“ за миграцијата и бегалците пред изборите во 2024 година, пристап кој последен пат победи во 2017 година.

Австрискиот канцелар Нехамер изјави дека луѓето кои доаѓаат од економски причини треба да се третираат поинаку од оние кои бараат заштита, нарекувајќи го пактот како „партнерство против трговијата со луѓе“.

На заедничката прес-конференција по потпишувањето, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека акцијата, која предвидува распоредување на посилно полициско присуство долж јужната граница на Србија со Република Северна Македонија, ќе започне „пред крајот на годината“. Воедно, додаде дека сите три земји се надеваат дека ќе испратат силен сигнал до Брисел. Ниту Србија, ниту Унгарија не се премногу популарни деновиве во ЕУ, со оглед на нивната пријателска политика кон Русија.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан инсистираше на тоа дека миграцијата „треба да се спречи, а не да се управува“, додавајќи дека „ние ја делиме нашата судбина со Србија“ и дека заедничката работа е клучна во ова прашање на опстанокот. Воедно, Орбан додаде дека оваа година во Унгарија се запрени 250.000 илегални гранични премини, истакнувајќи дека агресивноста се зголемува, затоа што илегалните мигранти не само што се вооружени, туку и ги користат оружјата.

Орбан додаде дека Унгарија била во особено незгодна ситуација, бидејќи прима и нерегуларни мигранти од Србија и бегалци од Украина, а единствениот начин да се спречи тоа е доколку нема премин преку нејзините граници.

Унгарија продолжи да инсистира дека е под зголемен притисок поради бегалците кои бегаат од војната од граничната Украина, но критичарите истакнуваат дека малкумина всушност избираат да останат во Унгарија, која продолжи да ги остварува економските врски со Москва дури и по руската инвазија.

Според најновите податоци на Агенцијата за бегалци на ОН, УНХЦР, Унгарија има регистрирано најмалку бегалци од Украина за привремена заштита надвор од првите борбени земји, зад Романија со 85.456 со само 31.989 регистрации. Овој број е исто така далеку под многу други европски земји, вклучително и балтичките и нордиските земји, како и земјите во Западна Европа.

Иницијативата беше широко исмејувана во Австрија, бидејќи Унгарија до денес добила само 40 барања за азил, додека Австрија добила околу 100.000.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author