24.11.2022 Скопје
Канцеларот Карл Нехамер ја изрази својата поддршка за пристапот на Хрватска во Шенген зоната, клуб на земји од ЕУ без гранични контроли, покана која не е упатена до Бугарија или Романија.
Шенген зоната е основана во 1985 година и до денес е проширена во 26 земји. Европската комисија предложи да се вклучат Хрватска, Романија и Бугарија. Австрија, каде што конзервативната ОВП е во обновена антимиграциска крстоносна војна, изрази скептицизам во однос на нивното пристапување.
Во вторникот на средбата во Загреб, Нехамер истакна дека ќе го поддржат патот на Хрватска во Шенген зоната, објаснувајќи дека за земјите се гласа поединечно.
По повод 30 години билатерални односи меѓу двете земји, Нехамер ја пофали соработката со Хрватска и истакна дека заштитата на границата на хрватската граница секогаш значи и за онаа на австриската граница. Воедно, додаде дека сепак, новата рута на мигранти од Турција до Бугарија, Романија, Унгарија, па до Австрија, ја користат 40 отсто од бегалците, и тоа значи дека нешто не е во ред.
За споредба, Австрија регистрираше 100.000 неукраински бегалци во 2022 година, Унгарија околу 3.000, нешто што Нехамер сака да го реши со формирање на антимиграциски пакт со Унгарија и Србија.
Ниту Бугарија, ниту Романија најверојатно нема да добијат поддршка од Виена. Романскиот министер за внатрешни работи Лусијан Боде ќе отпатува во Виена за да одговори на загриженоста на Австрија и да покаже дека Шенген зоната ќе стане „де факто“ побезбедна по пристапувањето на Романија во безграничната зона.
Во меѓувреме, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ рече дека ја искористил средбата со Нехамер за да даде дополнителни појаснувања во поширок контекст, со кој се соочува Австрија денес, а кој се однесува на скокот на бројот на баратели на азил во Австрија и општиот пораст на илегалната миграција.
Пленковиќ истакна дека се свесни за загриженоста на канцеларот и австриската влада. Тој не ги спомена Бугарија и Романија, а се фокусираше на билатералниот аспект на средбата, при што ги истакна силните деловни врски меѓу двете земји.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека Австрија е вториот најголем инвеститор во Хрватска и еден од нивните пет најдобри трговски партнери, објаснувајќи дека станува збор за две од четирите најголеми банки, медиумски корпорации, големи градешни фирми и повеќе од 1,5 милиони австриски туристи ја имаат посетено Хрватска оваа година, токму и тоа покажува колку се силни нивните врски.
Подготвено од А.Ѓ.