02.11.2022 Скопје
Откако силната суша го погоди родот и ја зголеми загриженоста за домашните резерви, Владата на Аргентина е подготвена да објави мерки за да им дозволи на извозниците на пченица да ги одложат договорените пратки.
Извор од Комората за извоз на житарки во Аргентина, изјави за Ројтерс дека мерките што ќе бидат објавени во наредните денови ќе им овозможат на фирмите да го презакажат договорениот извоз на пченица, без да се соочат со вообичаените владини казни од 15 проценти.
Друг извор од аргентинската влада за британската агенција изјавил дека мерките за одобрување на доцнењето на испораката на пченицата се „веројатни“ и дека „во моментов се размислува“.
Подготвено од А.Ѓ.