07.11.2022 Скопје
Олексеј Резников, украинскиот министер за одбрана, објави дека моќните американски ракетни системи НАСАМС пристигнале во Украина.
Украинскиот министер за одбрана Резников истакна дека системите за воздушна одбрана НАСАМС и Аспид значително ќе ја зајакнат украинската војска и ќе го направат украинското небо побезбедно. Исто така, истакна дека ќе продолжат да ги соборуваат непријателските цели кои ги напаѓаат.
Резников им се заблагодари на Норвешка, Шпанија и САД.
Подготвено од А.Ѓ.