21.11.2022 Скопје
Поради одбивањето на Вашингтон да им дозволи на европските производители да бидат учесници во програмата за борба против климатските промени, Европа и САД се најдоа на работ на трговска војна.
По предлог на претседателот на Америка, Џо Бајден, Соединетите Американски Држави ветија дека ќе инвестираат милијарди евра субвенции во зелени технологии за борба против климатските промени, по што предлогот беше одобрен од страна на американскиот Конгрес.
Европејците дури сега го сватија договорот, односно дека субвенции ќе добијат само оние што се занимаваат со производство во Америка не и пошироко, и поради протекционистичките мерки, САД може да дојде до економска војна со Европската Унија.
Подготвено од М.Н.