https://www.flickr.com/photos/photosmartinschulz/19683801362/in/photolist-vZoCny-2hyRw4U-2hyRvZv-2hyRvL9-2hyRw8m-2hyRw3r-7tJyDn-7tgoTn-8JufBh-7tiLzw-7tgndc-7tkf7s-7tkq73-7tki4A-7uyCVX-7tiWob-FEhRt-7tgtuz-7tiYid-SFDHYo-RCWT5o-SFDJ1h-GCyi95-vXGjXJ-qpjQTw-7tgqG4-vZog1L-vHpBqA-w1pa9B-vHwjFt-5Rci4q-w1pPPx-GfNf2m-qa34Z3-qpiNFs-qa352N-vHpWuW-qrwj2G-gokhjM-v3ZHLb-GCyief-5R81uF-vHpMeJ-vZp1mo-5R87q6-5Rcp6b-v49UEr-vHx5Dt-v3Zarw-GCyhaG

27.11.2022 Скопје

По повод 110-годишнината од независноста на Албанија, денеска во Собранието на Албанија во Тирана биде одржана првата заедничка свечена седница на албанскиот и на косовскиот Парламент.

Се предвидува на почетокот на седницата пред пратениците да се обратат претседателката на Собранието на Албанија, Линдита Никола и претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца.

Потоа свечената седница ќе продолжи со обраќање на премиерите на Албанија и Косово, Еди Рама и Албин Курти, како и шефовите на пратеничките групи.

Одбележувањето на 110-годишнината од независноста на Албанија ќе биде придружено и со културни и други активности во текот на целиот ден.

Подготвено од М.Н.

About Author