05.11.2022 Скопје
Во текот на вчерашниот ден, АД ЕСМ произведе 11.446 мегават часови електрична енергија.
Владата информира дека во термоелектраните се произведени 8.092 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк „Богданци” 3.354 мегават часови струја.
Во соопштението на владината прес-служба се додава дека АД ЕСМ на 04.11.2022 година целосно ги има задоволено потребите за струја на домаќинствата и на малите малите потрошувачи исклучиво од сопствените домашни капацитети.
Подготвено од А.Ѓ.