https://www.facebook.com/photo/?fbid=823942502307338&set=pcb.823943035640618

08.11.2022 Скопје

Васко Ковачевски, генералниот директор на АД ЕСМ, оствари средба со украинската амабасадорка Лариса Дир и заменик-амбасадорот, Роман Буга.

Од АД ЕСМ соопштија дека на средбата се разговарало за тешката состојба во енергетскиот сектор во Украина, како последица на воените дејствија произлезени од конфликтот со Русија, што доведе до тоа 1 милион жители на Киев да живеат без струја и вода, во крајно тешки услови.

АД ЕСМ информира дека ќе вложи напори да им помогне на граѓаните на Украина, искажувајќи грижа не само за македонските граѓани во границите на Република Северна Македонија, туку и за сите луѓе кои се соочуваат со предизвици и на кои може да им се помогне.

Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, има побарано помош од страна на АД ЕСМ, со цел да се даде придонес во обновување на инфраструктурата за производство на електрична енергија во Украина.

Како што информираат од АД ЕСМ, од украинската амбасада била побарана помош и за преносниот систем за електрична енергија, за што ќе треба да помогнат другите субјекти во електро-енергетскиот систем.

АД ЕСМ ќе помогне со опрема и делови кои ги има на залиха, а кои засега не се неопходни за користење.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author