https://www.facebook.com/photo/?fbid=459005728914286&set=a.262333065248221

08.11.2022 Скопје

Дритан Абазовиќ, премиерот на црногорската Влада во технички мандат, истакна дека за време на мандатот на неговата влада е направено доста и државата се менува.

Во разговор со странски медиуми, премиерот Абазовиќ изјави дека Црна Гора не е целосно исчистена од криминал и корупција, но ситуацијата е далеку подобра отколку пред две години.

Абазовиќ смета дека во наредните две, три години, ситуацијата ќе биде уште подобра, а со помошта што ќе пристигне во јануари, можеби и во некои наредни месеци, ќе биде многу подобра ситуацијата.

Црногорскиот премиер Абазовиќ истакна дека во Црна Гора има повеќе криминални кланови, како тие во Котор, или вкупно десет, појаснувајќи дека тоа се високоризични криминални групи, меѓутоа, ниту една од овие набљудувани групи не е силна, ни бројчано, ни логистички, како Кавачкиот и Шкаљарскиот клан.

Изминатите две години, како што истакна Абазовиќ, доста е направено против тие групи што делуваат не само во Црна Гора или регионално, туку се дел од транснационална криминална мрежа.

За неговото граѓанско движење УРА, Абазовиќ смета дека постигнати се сите негови политички цели, а примарната била државата повеќе да не ја води мафијата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author