
16.11.2022 Скопје
Ислам Абази доаѓа на местото на Русковска откако на изборите на 7 ноември, кои беа организирани според Законот за јавно обвинителство освои вкупно 66 гласа.
Новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази, денеска пред советот на јавни обвинители даде своја заклетва, а по церемонијата во просториите на обвинителството ја презема функцијата од поранешната шефица Вилма Русковска.
На примопредавањето на функцијата, Абази и Русковска дискутирале за целокупната работа и за работата која допрва претстои.
Подготвено од М.Н.