https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom/photos/6006855306015189

01.11.2022 Скопје

Сите четвртоодделенци, кои посетуваат настава во некое од основните училишта на територија на Општина Аеродром, ќе добијат бесплатен таблет, подарок од општината.

За таа цел, обезбедени се над 800 таблети, чија вкупна вредност изнесува над 5 милиони денари.

Тимчо Муцунски, градоначалникот на Општина Аеродром, информира дека со средства од буџетот на општината, обезбедени се таблет уреди кои ќе бидат наменети за сите четвртоодделенци во основните училишта низ Аеродром, потенцирајќи дека за него како прв човек на Општина Аеродром, дигитализацијата на образованието е важна, а како локална самоуправа водат сметка за буџетот на родителите. Воедно, истакна дека токму поради тоа, денеска во основното училиште „Блаже Конески“, започна имплементацијата на проектот преку кој секое дете што посетува настава во четврто одделение ќе добие бесплатен таблет за следење на наставата.

Муцунски истакна дека овој проект, кој започна да се реализира оваа учебна година, ќе продолжи да се имплементира и во наредните години.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author