https://www.flickr.com/photos/barkbud/4126277314/in/photolist-7hCfuj-Bmqt9W-5Dhgir-7iU6QT-2jrKZG5-apbhG3-oLLvBP-8KKDMf-f9GVkw-YhVt8y-26Er9db-5mBJMK-jZPFF8-2jLEK5R-ZAD6oL-6Nttry-YJVHtC-ix7Qmk-21MJQbU-7rV7wK-DcEbid-yxuxnj-dh7fVz-2g7xop8-VcH4i4-2jL5PbL-6beoR1-2e16t7G-PQvAqH-ZENZxV-5GJ2rJ-aXPDgv-5iKCHf-2aVuxS-6JmVjS-rXG2Qy-2iQWTKi-2kZA2DD-e9tsBW-aNRHHz-dxdVGh-2icWEQt-L7D4GC-BCVqtD-2gmw9X7-2npagCs-23nnkVe-oEKo2c-2mKg8sL-t8ydt4

12.11.2022 Скопје

Доколку често наутро посегнувате по копчето за одложување на алармот, не сте единствени, новата студија покажа дека 57 отсто од возрасните обично остануваат во кревет до вториот, третиот или дури четвртиот аларм.

Научници кои што го проучуваат спиењето тврдат дека алармите теоретски, би можеле да ги нарушат нашите циклуси на спиење, а со самото тоа го отежнуваат и будењето, бидејќи одложувањето на алармот за уште неколку минути само го затишува нашето тело во следниот циклус на спиење, за повторно да го прекине.

Неврологот Стивен Матингли од Универзитетот Нотр Дам во Индијана, вели дека медицината генерално е против употребата на одложување на алармот, бидејќи во студија во која учествувале 450 возрасни лица, се базирала на податоци снимени во дневните анкети за спиење и од апарати што се носат и покажала дека жените имаат 50 отсто поголема веројатност да отспијат, односно да го користат одложувањето на алармот отколку мажите.

Тимот што стои зад оваа студијата нема потврдено дали одложувањето на алармот е добро или лошо за нас, туку има само нагласено дека потребата од каков било вид повик за будење веројатно нема да биде добро за нашето целокупно здравје.

Поради фактот дека секоја поединка спие различно, во студијата се покажало дека сепак одложувањето може да е добро за една личност, но не и за друга.

Подготвено од М.Н.

About Author