https://www.flickr.com/photos/164621983@N04/43193831080/

10.10.2022 Скопје

Автоимуна болест е состојба во која вашиот имунолошки систем го напаѓа вашето тело. Со оглед на тоа што автоимуните болести влијаат на различни делови од телото и симптомите не се секогаш исти ниту со еднаков интензитет, на лекарите многу често им треба подолго време за да дијагностицираат за која автоимуна болест станува збор.

Д-р Суман Радакришна, директорка на медицинскиот центар „Дигнити хелт“ во Калифорнија, објасни дека симптомите на автоимуните болести можат да бидат многу неспецифични и може да се појават поради многу причини, од кои не сите укажуваат на болест. Воедно, истакна дека понекогаш симптомите на автоимуна болест може да бидат нејасни и дека овие болести, освен на физичкото, можат да влијаат и на менталното здравје. Исто така, го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар, бубрежни болести, белодробни болести и рак.

Доктор Радакришна објаснува дека некои од факторите на ризик за автоимуни болести вклучуваат женски пол, генетика, претходна дијагноза на автоимуни болести, одредени инфекции, дебелина, пушење и изложеност на токсини и лекови.

Автоимуната болест може да влијае и на квалитетот на здравјето, како и на целокупното здравје. Болка, замор, губење на апетитот, гадење и повраќање, како и треска може да предизвикаат личноста да се чувствува исцрпена и неспособна да работи и да ги извршува секојдневните активности, а автоимуната болест може да предизвика и оштетување на органите како што се бубрезите, мозокот и зглобовите.

Симптоми на автоимуни болести се заморот, болката во зглобовите и оток, осипот, гастроинтестиналните заболувања и треската и отечените жлезди.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author