https://www.flickr.com/photos/derbeth/22102075921

14.10.2022 Скопје

Северна Македонија треба значително да ги засили амбициите во однос на зелената транзиција, особено во контекст на Зелената агенда на Западен Балкан.

Треба да се спроведат мерки за воспоставување на регионален систем за управување со отпадни материи, особено во Источниот и Североисточниот регион на државата, како и да биде спроведен Партискиот договор, вклучително и со усвојување на закон за клима, во согласност со Рамката ЕУ 2030, се истакнува во овогодинешниот Извештај на Европската комисија во однос на поглавјето 27 – „Животна средина и климатски промени“.

Исто така во текот на наредната година, Северна Македонија особено треба да ги забрза напорите за намалување на загаденоста на воздухот на локално и национално ниво, како и за намалување на дифузното загадување на слатководните ресурси.

Според Европската комисија, административниот капацитет од полето на животната средина, на сите нивоа останува слаб, со недоволно човечки и финансиски ресурси, за спроведување на законодавството, а работата на инспекциите има само мало влијание.

Како што се посочува во текстот, усвоен е законот за Еколошка инспекција, а продолжуваат и активностите во областа на еколошката одговорност, додека пак за управување со отпад, во Извештајот е нагласено дека усвоен е Националниот план за управување со отпад 2021-2031.

За климатските промени, од Еврокомисијата за нашата држава, забележаа дека капацитетот останува слаб и од аспект на човечки ресурси и од аспект на финансиски сретства, и покрај превземените напори.

Подготвено од М.Н.

About Author