23.10.2022 Скопје
Заменик претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на првото издание на „ Women Peace Security“, во Приштина во организација на претседателството на Република Косово, порача дека сè уште има луѓе кои не научиле од тажните настани, од катастрофите на минатите војни, од ужасните дела на злите идеологии и деструктивни режими кои оставија многу урнатини, буквално и метафорично.
Според Груби, ехото на раните на илјадници девојки и жени кои станаа жртви на насилство е толку гласно, а лечењето на нивните рани е важна општествена мисија.
Истакна дека состојбата со Украина продираат во стари рани, и навраќаат на минатото во кое, исто така, имало војни.
Додаде дека иако се уште не закрепнат од пандемијата, светот се соочи со војна во Украина, и дека преку мир и слобода, жените ќе бидат многу повеќе заштитени.
Заменик претседателот на Владата изрази задоволство што жените особено во вакви периоди придонеле за подигање на свеста во општествата со тоа што отворено зборувале за она што го доживеале, со цел да ги отфрлат предрасудите за жртвите на насилство, за жените во војните.
Подготвено од А.Ѓ.