https://www.facebook.com/photo.php?fbid=656381149189058&set=pb.100044515356135.-2207520000.&type=3

28.10.2022 Скопје

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, изјави дека со измените во Законот за земјоделско земјиште нема да се навлезе во приватната сопственост на граѓаните, но државата сепак ќе може да го дава под закуп земјиштето кое не е обработено со години.

„Ова е најголема реформа во земјоделството, ги користиме сите ресурси за да може да произведеме доволно храна во вакво време на светска криза“, посочи Николовски.

Доколку земјиштето не се обработува се категоризира како напуштено, не се одзема сопственоста, но се создава можност државата да го даде под концесија од кои 80% од закупнината која се остварува веднаш ќе се префрли на сопствениците, и министерот Николовски нагласи дека со новиот Закон по службена дејност ќе бидат евидентирани сите земјишта.

Подготвено од М.Н.

About Author