https://www.flickr.com/photos/smallwhitebear/14065652603/in/photolist-nqW9tM-5BzrXR-6LyQj9-WiB8B3-8qKYC8-XYYzb4-6VLiyM-nepj5A-SQdkzA-onb1Ku-QMYfRf-V2EBhQ-gnDxNK-6RJD9t-XLqQj6-kocbWt-p6nDXr-xDLcYw-im3L3p-pvqmF3-81wDu7-sKTYrD-pZpubb-nntxdd-h1LQK5-81wDCd-i9LapW-MVbgJs-2aki5v1-ZpASfx-i9L9Vs-h1LDx3-g6KTqx-dQgdyV-2aki62b-h1JPfp-imEVoe-HfNjws-imEmD7-kj8aRz-eBkrkt-h1JKDB-i9KCbH-81ttt2-nfKu8u-rUKrgE-5s3sU6-h1LHcs-qDQeNu-sbLzLj

07.10.2022 Скопје

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски,во текот на вчерашниот ден, на првиот собир на Европската политичка заедница, побарал  да му  се помогне на Киев и да воведат уште една санкција на Русија.

Зеленски во обраќањето преку видеолинк предупреди дека Русија сега има само една политика, а тоа е војна не само против Украина, туку и против Европа и светот.

Зеленски преку видеолинк, оддржал говор и во Австралија, каде повика на дополнителни санкции кон Русија, и поголема воена поддршка за Украина.

Кремљ го обвини Зеленски дека повикува на нуклеарна војна, во вчерашното негово видео обраќање во Австралија, каде на ова одговорил советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михајло Подољак и истакнал дека сето тоа е само уште една руска лага.

Подољак истакнал дека Зеленски немал спомнато ништо во врска со нуклеарен напад на Русија, и потенцирал дека од страна на Русија има такви закани и нуклеарни уцени.

Зеленски имал дадено предлог превентивно да се исцртаат последиците за Русија и да се интензивираат ударите врз неа, со санкции и воена помош за Украина.

Подготвено од М.Н.

About Author