https://www.flickr.com/photos/77944364@N06/7283357204/in/photolist-c6B7md-dHuRzc-9vbZRd-3oi59Z-9YeXda-fESqDh-9vbZu1-9v8YBB-4S8CvA-2mBP2Ru-4S8xtq-4S8zmG-37Dcv9-aLPs5n-8uso7E-3bnujY-ZeUBS4-qXeNPz-2Y3kb7-DwvXnc-23zcVSJ-JgXuWK-7t2LYv-EA3SZX-Zbukdo-qXJswe-cyo4TS-YawU4b-2mZDVr2-ZbYGX5-r3gytq-EA3KSa-96Kjyr-EA3RsZ-FxB9K2-EA3zv8-2ma3pYM-8KxmQx-Yam5jU-FvjmUu-HzkK9r-HzkJCX-F63rZ9-FpdrZc-HzkJ76-HzkHpp-EA3AoR-Ha1Ujh-GDMFok-bh2FvX

03.10.2022 Скопје

Во Стокхлом во текот на оваа недела ќе бидат прогласени добитниците на престижните награди кои се доделуваат во чест на Алфред Нобел, објавија од Нобеловата фондација.

Традиционално во текот на Нобеловата седмица, прво ќе биде објавен лауреатот на наградата за физеологија или медицина а наредните денови ќе бидат објавени лауреатите за физика и хемија.

Нобеловата награда за литература ќе биде објавена на 6-ти Октомври, додека онаа за мир за 7-ми Октомври во Осло. Наградата за економија, која што инаку не е меѓу оригиналните награди, ќе биде објавена на 10 Октомври.

Фондацијата објавила дека доделувањето на наградите е одлучено да се оддржи на специјална прослава која е закажана за во декември во Градското Собрание во Стокхлом и поканети ќе бидат сите добитници на Нобелова награда од 2021 и 2022 година.

Нобеловите награди се доделуваат благодарејќи на шведскиот научник и индустријачец Алфред Нобел, кој е изумител на динамитот, и кој оставил аманет секоја година да се издвојуваат пари од неговиот фонд за научниците кои дале придонес кон човештвото.

Нобел (1833-1896) ги определил институциите кои секоја година ќе ги доделуваат наградите, вклучувајќи ги Шведската академија за литература, Институтот за медицина Каролинска, Шведската кралска академија за физика и хемија, како и комитетот за мир што го избира норвешкиот парламент.

Нобеловата награда се состои од златен медал, диплома и чек од девет милиони куни(околу милион евра), и досега само двајца добитници ја имаат одбиено Нобеловата награда и тоа за литература.

Во 1958 година Борис Пастернак ја има одбиено Нобеловата награда и тоа под притисок на властите, како и Жан Пол Сартр, кој ги има одбиено сите добиени награди меѓу кои и Нобеловата во 1964 година.

Подготвено од М.Н.

About Author