https://www.facebook.com/photo/?fbid=487196886774173&set=pb.100064515977143.-2207520000.

18.10.2022 Скопје

Во текот на вчерашниот ден, отворен е системот за електронско аплицирање на Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2023 година. Системот за аплицирање ќе биде отворен до 17 ноември до 16 часот.

Техничките упатства и поддршката при аплицирање, корисниците ќе можат да ги најдат на веб-страната на uslugi.gov.mk, како и преку контакт центарот на овој нционален портал. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, изјави дека годинава електронското апицирање целосно ќе биде спроведено преку националниот портал е-услуги, а не преку веб-страницата на Министерството за култура.

Преку националниот портал е-услуги, автоматски ќе биде оневозможено да се конкурира со повеќе проекти од утврдените на правилата на Конкурсот. Ново оваа година е тоа што решенијата за прифатени, одбиени или пак отфрлени проекти, корисниците ќе ги добијат по електронски пат.

Подготвено од М.Н.

About Author