17.10.2022 Скопје
Денеска, вооружените сили од 14 земји-членки на НАТО почнаа годишна вежба за симулирање на одбраната на територијата што ја покрива Алијансата користејќи нуклеарно оружје.
Според НАТО, во вежбите „Steadfast Noon“ учествуваат 60 авиони, вклучувајќи борбени авиони, авиони за надзор и полнење гориво, како и бомбардери Б-52 од САД, кои ќе летаат од Северна Дакота.
Од Алијансата соопштија дека вежбата ќе продолжи до 30 октомври.
Минатата недела, генералниот секретар на пактот Јенс Столтенберг објасни дека вежбата е редовна, се одржува секоја година и нема директна врска со настаните околу војната во Украина.
Од НАТО објаснуваат дека во вежбата ќе се користат само макети на нуклеарно оружје, а домаќин е Белгија.
Планирано е да се реализираат летови над Белгија, Северното Море и Велика Британија од база лоцирана во околината на Брисел. Целта на вежбата е да се тестира подготвеноста на нуклеарните сили за одвраќање.
Подготвено од А.Ѓ.