31.10.2022 Скопје
Со директна поддршка за иницијативите на граѓанското општество во рамките на проектот финансиран од ЕУ, техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија, започна да функционира механизмот за граѓанска отпорност (МГО) на ЕУ.
Како што информираат од проектот, овој повик за предлози е финансиран од Европската Унија со вкупен расположлив износ од 900 000 евра, и граѓанските организации што ги исполнуваат критериумите утврдени во Упатството за апликантите на овој повик можат да поднесат апликации онлајн (www.eu4cr.mk) со краен рок за поднесување предлози до 15 ноември 2022 година, 17:00 часот.
За првпат во земјата, Европската Унија обезбедува ваков механизам за финансирање за директна поддршка на граѓанските организации со цел да им се овозможи ефикасно да се справат со клучните приоритети во нивните локални заедници и да придонесат за реформите во клучните сектори во земјата.
За Механизмот за граѓанска отпорност (МГО) на ЕУ почнувајќи од 4 октомври 2022 година, беа организирани 14 информативни сесии во Гостивар, Куманово, Кочани, Битола, Охрид, Струмица, Кавадарци, Велес, Прилеп, Тетово, Кичево, Кратово, Гевгелија, Делчево а последната сесија ќе биде одржана денеска напладне во Скопје со почеток од 15:30 часот во ресторант Public room.
Подготвено од М.Н.