https://www.facebook.com/photo.php?fbid=597598158620001&set=pb.100051094670379.-2207520000..&type=3

21.10.2022 Скопје

Вчеравечер, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Западот брза што поскоро да ја заврши „сагата“ за Косово и во тоа нема да бира начин.

Вучиќ истакна дека претставниците на Квинта имаат побарано итна средба со него, а средбата ќе биде денеска. Воедно, изјави дека е можно тогаш пред него да има текст кој е објавен во косовските медиуми, каде се споменува дека до 24 февруари мора да се постигне дел од договорот, прелиминарен договор меѓу Белград и Приштина, или ќе следи „жесток ќотек“.

Српскиот претседател се надева дека формулацијата за „жесток ќотек“ е констатација на авторот од тој медиум и дека претставниците на Квинта нема да му дојдат со тој текст, бидејќи „би му било тешко да им даде пристоен одговор“ на тоа.

Како што објасни претседателот Вучиќ, „ништо не се одбива однапред“, но дека „хартиите“ што ги добил досега биле „нешто многу тешко за Србија“ и поради тоа не прифатиле.

Вучиќ изјави дека не е исклучено да поднесе оставка од функцијата претседател на Србија како дел од тактиката за „купување време за земјата“, доколку се наметне неприфатливо решение за косовскиот проблем. Исто така, истакна дека никогаш не се заколнал дека нема да воведува санкции кон Русите.

Како што наведе српскиот претседател, „додека нема егзистенцијална закана за Србија, ние нема да (воведуваме санкции), ќе водиме политика на независност и политика утврдена со нашиот заклучок на Советот за национална безбедност”.

На прашањето дали Русија ќе има разбирање доколку Србија и воведе санкции, тој одговори негативно, додавајќи „никој за нас нема разбирање”.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author