12.10.2022 Скопје
Јенс Столтенберг, генералниот секретар на Алијансата, изјави дека Западен Балкан е важен за НАТО и нивниот фокус на него ќе продолжи.
На состанокот на министрите за одбрана на членките на НАТО во Брисел, Столтенберг истакна дека Алијансата со Балканот има историја, дека на тие простори е присутна доста долго, од деведесеттите години на минатиот век. Воедно, додаде дека НАТО ги поддржува дипломатските напори на ЕУ за постигнување договор меѓу Белград и Приштина, за соработка со Унијата во Босна и Херцеговина, а двете нови членки на НАТО се од Западен Балкан.
Подготвено од А.Ѓ.