26.10.2022 Скопје
„На територијата на вашето училиште е поставена бомба, го мразиме овој свет, нашата мисија е да убиваме, колку побрзо човечката раса биде збришана од лицето на земјата, толку подобро. Не жалиме за човечкиот род, ќе го го кренеме во воздух училиштето, ќе има илјадници мртви ученици и ние сме тука меѓу вас“, стои во пораката која на мејл е пуштена до едно од петте средни училишта.
Полицијата и екипите на Единицата за антитероризам се на терен и во буквална смисла го пребаруваат секое ќоше во училиштата „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“, АСУЦ „Боро Петрушевски“ и „Раде Јовчевски Корчагин“.
Скопје е полн со средношколци кои наеднаш беа евакуирани од петте средни училишта откако им беше испратен мејл со заканувачка содржина за поставена бомба, но се уште не е познато дали сите училишта имаат добиено порака со иста содржина.
Подготвено од М.Н.