https://www.facebook.com/photo?fbid=680663926757854&set=a.256125389211712

26.10.2022 Скопје

Денеска, претседателот Стево Пендаровски и специјалниот пратеник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Пич, разговарале за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство, состојбите во регионот, како и влијанието на руската инвазија врз Украина по стабилноста и безбедноста на европскиот континент.

Како што соопшти кабинетот на претседателот Пендаровски, претседателот на средбата истакнал дека Република Северна Македонија придава особено значење на развојот на билатералните односи со Обединетото Кралство и има постојан интерес за зајакнување на соработката меѓу двете држави во повеќе сфери од заемен интерес.

Претседателот Пендаровски, воедно, се заблагодарил за најновата британска донација што вклучува 14 мобилни единици за обука на припадниците на Армијата во урбана средина, што денеска ќе биде примопредадена на полигонот „Криволак“, оценувајќи ја како уште една потврда на силното сојузништво на двете држави – членки на НАТО алијансата.

На средбата се разговарало и за почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author