18.10.2022 Скопје
Артан Груби, првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Албанија, Фатос Река, со кој разговарале за координација на деталите од заедничката средба со Владата на Република Албанија која ќе се одржи на 14 ноември во Скопје.
На средбата се очекува да бидат потпишани важни договори, како држави целосно посветени на раст на соработката и продлабочување на односите во повеќе области, вклучително и економската, што истовремено ја зголемува конкурентноста на компаниите во земјите од регионот.
Од кабинетот на Груби информираат дека капиталните проекти меѓу двете земји биле дел од разговорот на средбата со амбасадорот Река, додека Коридорот 8 и железничката линија како два значајни проекти кои ќе ги поврзат, не само Република Северна Македонија и Република Албанија, туку и земјите на регионот, беа именувани како поволни иницијативи во време кога земјите се на пат кон членство во Европската Унија.
На средбата разговарале и за имплементацијата на проектот „One stop shop”, со кој се очекува да се скрати времето на царинските и граничните контроли.
Подготвено од А.Ѓ.