https://www.facebook.com/photo.php?fbid=155367983783151&set=pb.100079298505045.-2207520000.&type=3

20.10.2022 Скопје

Името на Вапцаров никако не може да биде провокација, бидејќи е македонски патриот кој пишува на бугарски јазик, и поради тоа е одбрано како погодно име на македонскиот клуб, како личност за зближување на двата народа, изјавија од ОМО “Илинден пирин“.

Забраната за отворање на македонскиот клуб, исто така е спротивно од европските вредности, истакнаа аналитичарите, кои предупредуваат дека Република Северна Македонија, нема обезбедено доволно реципроцитет во односите со источниот сосед.

Според Александар Кржаловски од Македонскиот центар за меѓународна соработка, воопшто не е во ред тоа што го прави Софија во врска со регистрацијата на здружението, но не се изјасни дали и Скопје треба со истата мера да возврати, односно да даде забрана за бугарските здруженија во државата.

Здружението „Никола Вапцаров“ треба да биде отворено на 30 октомври, најавија дека ќе бидат поканети и претставници од Владата на Република Северна Македонија и премиерот Димитар Ковачевски, но од Владата и премиерот се уште нема никаква информација за тоа како ќе ја коментираат забраната од Општина Благоевград, дали ќе обезбедат реципроцитет и дали ќе одат на отворање на клубот.

Претседателот на партијата Стојко Стојко, изјави дека неразбирливо е како Општина Благоевград носи одлука за забрана на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ без да бидат информирани основачите, односно ОМО „Илинден Пирин“.

Подготвено од М.Н.

About Author