21.10.2022 Скопје
За прв пат во историјата, кандидат од Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, беше номиниран за позицијата потпретседател за Европа во рамки на Извршниот комитет на ИНТЕРПОЛ.
Делегацијата која што го претставува Министерството за внатрешни работи на Репиблика Северна Македонија на 90 Генерално собрание на ИНТЕРПОЛ, кое во период од 18 до 21 октомври се одржува во Њу Делхи, Индија, присуствуваше на промоцијата на претенденти за позицијата потпретседател за Европа во рамките на Извршниот комитет на ИНТЕРПОЛ.
Со објава од МВР, соопштија дека нивен кандидат на Националното централно биро била началничката Бранислава Стојчевска, и дека покрај нашата земја, во конкуренција за позицијата биле и кандидати од Андора, Белгија, Република Турција и Руската Федерација, а за потпретседател за Европа за Извршниот комитет на ИНТЕРПОЛ, бил избран белгискиот кандидат, Петер Де Бушер.
Подготвено од М.Н.