https://www.facebook.com/photo/?fbid=648024170024756&set=a.463062885187553

18.10.2022 Скопје

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, изјави дека за прв пат се развива програма за финансирање на мали производители на храна. Програмата се однесува за помош и поддршка за развој на семејните земјодески стопанства кои преку сопствена идеја и план своето производство го продаваат по принципот продажба од куќен праг или фарма.

Со грандови од 10.000 евра ги помагаме, поддржуваме и потикнуваме сите производители на месни и млечни производи, како и други преработки на овошје и зеленчук, да се регистрираат во АХВ и да развијат свој препознатлив бренд, истакна Николовски.

Министерот Николовски, додаде дека со ова очекува над 2.000 мали семејни земјоделски стопнства да се развијат во нови брендови на македонскиот пазар по примерот на малите семејни винарии.

Мерката зелена нафта е уште една која ја креиревме за поддршка на земјоделците и која даде многу позитивен резултат, оваа година сите земјоделци добија до 50% поддршка за зелена нафта, а со законските измени се заложуваме да овозможиме оваа поддршка да достигне до 100%.

Како министерство кое е посветено на земјоделците, креираме мерки и политики со кои во секој сегмент земјоделците ја добиваат нашата поддршка, ги намалуваме нивните трошоци за производство и ги мотивираме да остварат поголем принос, истакна министерот Љупчо Николовски.

Подготвено од М.Н.

About Author