11.10.2022 Скопје
Во пресрет на почетокот на новата грејна сезона, која почнува на 15 октомври, од ЕСМ со соопштение, ги повика потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната грејна инсталација, да овозможат пристап на екипите на компанијата до топлинската станица и да обезбедат довод на електрична енергија во потстаницата со цел испораката на топлинската енергија во објектите кои се приклучени на системот за централно греење да се одвива непречено по самиот почеток на грејната сезона.
Во соопштението од ЕСМ-Снабдување ДООЕЛ Скопје, како вршител на енергетската дејност, со цел обезбедување на јавна услуга, односно снабдување со топлинска енергија во следниот период, апелираат до граѓаните и заедниците на сопственици, да извршат финална проверка, дали објектите се подготвени за почеток на грејната сезона.
Подготвено од М.Н.