31.10.2022 Скопје
Сојузот на стопански комори истакна дека за почувствително намалување на цените на основните прехранбени производи потребно е државата да интервенира со стоковите резерви, откако владата реши на производителите на храна да им даде двојно поевтина струја.
Од ССК истакнаа дека суровините кои се потребни за финалниот производ најчесто се набавуваат на берзата, а нивните податоци се дека од пред војната во Украина нивните цени се зголемени за близу 100 отсто.
Произведувачите на храна се децидни, дека со помош на стоковите резерви директно ќе се удри врз висината на цените на суровините, и на тој начин ќе се отвори можност за сериозно намалување на трошоците за набавка на храна, и изјавија дека неколку пати до сега ова го имаат побарано од владата, но сеуште немаат добиено конкретен одговор.
Подготвено од М.Н.