https://www.facebook.com/jspskopjee/photos/646187065511820

10.10.2022 Скопје

Од ЈСП „Скопје“ информираат дека автобусите на јавниот превоз утре, поради државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание, ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Со цел да им излезат во пресрет на патниците, на празникот ќе работат три билетарници, односно билетарниците кај Транспортен центар, кај Зелено пазарче и во Ѓорче Петров со работно време од 7 до 13.30 часот.

Од ЈСП „Скопје“, воедно, информираат дека жичарницата ќе работи вообичаено од 10 до 18 часот и тоа, во период од 17-17.30 часот е последно возење од доле нагоре, а во 17.45 часот е последно возење од горе надоле.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author