https://www.flickr.com/photos/esthervargasc/9935521594/in/photolist-g8Y9qs-3MZ7eD-aCRvgw-iw8o4z-4ZnLS6-2jHLetY-8hLEda-aqCAs8-bunGvo-25ePii-aPkAGg-7GadiN-5fkA9B-66iWJq-f4kSW-7134M-afPBSm-nWkDyK-5DSMUN-5VHvwp-2jdHSJW-Gd38NC-NuoVK-7tMy7s-oHiVkm-p2AhVx-a1v7no-2jdHSGB-2hQcKid-aHFHAX-Q4g3ya-7A5ZDx-2cJ7UjN-iMdgJt-q5f2Jn-mbSmDQ-HBYgam-LvzD85-aPPexV-7Kjb4u-bawLdv-Gw6gRS-8iBV7G-7WtsH1-7ee42k-8cfATU-4dYUQ1-A4NvAu-PitbVf-VujFca

06.10.2022 Скопје

Google одамна ја воведе опцијата YouTube Premium – верзија на својот видео сервис кој не прикажува реклами, туку бара месечна претплата.

Тимот на Google започна со голема брзина во обид да убеди што е можно побеќе Јутјубери да платат за претплатата. Воедно, многу корисници неодамна го критикуваа Google, бидејќи компанијата го зголеми бројот на реклами кои им се прикажуваат на корисниците за време на времетраењето на видеата на YouTube.

Поголемиот број на реклами значи повеќе пари за таа компанија, но може да влијае и на зголемување на бројот на корисниците на YouTube Premium, бидејќи некои од корисниците не сакаат да гледаат многу реклами и затоа се одлучуваат да платат месечна претплата.

Компанијата, исто така, сака да ги мотивира корисниците да плаќаат претплата со прикажување на содржина во 4К резолуција, само за корисниците на YouTube Premium. Иако од Google се уште нема официјална информација, неколку корисници известија дека добиваат известување доколку сакаат да видат одредено видео во 4К резолуција, мора да активираат претплата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author